Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои опасност од одрони

Поради зголемениот број патувања за време на летните одмори, забележана е поголема фреквенција на возила на граничните премини „Табановце“ и „Пелинце“, информираат од АМСМ.
Времето на чекање на овие премини е околу 45 минути. На ГП „Богородица“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, а на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои опасност од одрони.
Најризични се делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.