Сообраќајот од Скопје кон ГП „Блаце“, пак, кој беше целосно во прекин, од 17:20 е пуштен за патнички возила, но сè уште важи забраната за камиони
Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, информираат од АМСМ.

Од 17:20 ч. затворен е сообраќајот и од клучка Радишани кон Тетово и обратно, од клучка Орман до клучка Мирковци.
Сообраќајот од Скопје кон ГП „Блаце“, пак, кој беше целосно во прекин, од 17:20 е пуштен за патнички возила, но сè уште важи забраната за камиони.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари на подрачјето на Град Скопје се:
- Општина Петровец, Катланово (сува трева)
- Општина Чучер Сандево: Црквата „Св. Никита“ (ниска вегетација)
- Општина Шуто Оризари, Визбегово, депонија уште е активна
- Пожарот кај Станковец, кон Бензинската пумпа „Дизел“
- Општина Ѓорче Петров, Волково (ниска вегетација).