На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце за влез во земјава времето на чекање утрово е околу 30 минути. На останатите премини, од македонска страна, нема подолги задржувања ниту за влез ниту за излез од државата.
Автомотосојузот соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.