И од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, поставени на граничните премини, може да се забележи дека нема големи колони возила кои чекаат за излез од државата кон Србија и Грција

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
На најфрекфентните гранични премини, „Богородица“ и „Табановце“, задржувањето за влез и излез од државата е околу 40 минути.
Времето на чекање на „Богородица“ е околу половина час, а на „Табановце“ е 40 минути.
На останатите гранични премини, според информациите од АМСМ, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
И од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, поставени на граничните премини, може да се забележи дека нема големи колони возила кои чекаат за излез од државата кон Србија и Грција.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.