Мерката пропадна со 49-49 гласови на сенаторите, откако тројца републиканци го напуштија таборот на Трамп и гласаа за неа
Рамномерно поделениот американски Сенат го отфрли најновиот обид на претседателот Доналд Трамп да ги повлече тарифите, пренесува Ројтерс.

Неколку часа претходно федералната влада соопшти дека економијата е намалена за првпат во изминатите три години поради хаосот на царинскиот режим.
Мерката пропадна со 49-49 гласови на сенаторите, откако тројца републиканци го напуштија таборот на Трамп и гласаа за неа.
Тројцата републикански сенатори – Ренд Пол од Кентаки, Сузан Колинс од Мејн и Лиза Мурковски од Алјаска – гласаа за мерката, што се смета за укор кон Трамп од неговата партија.
Nа 2 април, Трамп прогласи „Ден на ослободување на американската индустрија“, најавувајќи воведување царина од 10 проценти за целиот увоз и дополнителни високи царини за производи од земји со големи трговски суфицити со САД, вклучувајќи ги Кина, Мексико и Канада.
Овие мерки предизвикаа силни реакции од трговските партнери и доведоа до одмазднички тарифи, дополнително дестабилизирајќи ги глобалните пазари.
И покрај економските предизвици, администрацијата на Трамп продолжува да ја брани царинската политика како средство за заштита на американската индустрија и работни места.