Резолуцијата, поднесена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите од двете страни, го охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите земји да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина
Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник.
Како што објавија американските медиуми, ова е ретка демонстрација на единство во поделениот Конгрес.
Резолуцијата, поднесена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите од двете страни, го охрабрува Меѓународниот кривичен суд во Хаг и другите земји да ја таргетираат руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.
„Сите ние во оваа просторија ги здруживме силите со демократите и републиканците за да кажеме дека Владимир Путин не може да ја избегне одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“,
цитира Ројтерс дел од говорот на лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер пред гласањето.