Остин во вторник ќе отпатува за Брисел каде ќе се сретне со колегите од другите членки на НАТО. Потоа ќе ја посети Словачка, а денеска во програмата е додадена и трета станица – Бугарија
Министерот за одбрана на САД Лојд Остин оваа недела ќе ја посети Бугарија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, јави МИА од Софија.
Остин во вторник ќе отпатува за Брисел каде ќе се сретне со колегите од другите членки на НАТО. Потоа ќе ја посети Словачка, а денеска во програмата е додадена и трета станица – Бугарија.
„Патувањето е продолжено за еден ден, така што тој има можност да се сретне со цивилните и воените лидери на Бугарија. Ова е клучна станица од гледна точка на источното крило на Алијансата“,
се наведува во соопштението.
Истовремено, прес-центарот на бугарската Влада соопшти дека премиерот Кирил Петков имал телефонски разговор со американската потпретседателка Камала Харис. За разговорот не се познати многу детали, освен дека таа му се заблагодарила на премиерот Петков и на бугарската Влада за хуманитарната помош на Софија за Украина, како и за прифаќањето бегалци од руската воена инвазија.