Менаџментот на компанијата наведува дека отпуштањата на административниот персонал, кои се дел од поширокото реструктуирање на компанијата, имаат за цел да го направат „Мекдоналдс“ поефикасен
Компанијата „Мекдоналдс“, чие седиште е во Чикаго, има повеќе од 150 000 вработени во администрацијата и во рестораните, а околу 70 отсто од нив не се од територијата на САД
Американската компанија „Мекдоналдс“, која е сопственик на истоимениот синџир на ресторани за брза храна, на неколку дена ги затвори своите канцеларии во САД додека подготвува известување за масовни отпуштања на административните вработени што е дел од поширокото реструктуирање на компанијата, пишува Асошиејтед прес.

Менаџментот на компанијата испратил мејл до вработените во кој се вели дека персоналот на „Мекдоналдс“ во Америка, но и меѓународниот административен персонал, треба да работи од дома неколку дена додека компанијата одлучува за судбината на работниот статус на вработените.
Се наведува дека отпуштањата имаат за цел да го направат „Мекдоналдс“ поефикасен.
„Имаме јасна можност да бидеме побрзи и поефективни во решавањето на проблемите за нашите клиенти и глобално да ги зголемиме нашите успешни пазарни иновации со брзина“,
велат од компанијата.
Компанијата „Мекдоналдс“, чие седиште е во Чикаго, има повеќе од 150 000 вработени во административниот дел и во рестораните, а околу 70 отсто од нив не се од територијата на САД.
Компанијата извести дека нејзината глобална продажба на брза храна пораснала за 11 отсто во 2022 година, а за шест отсто во Америка, но во последниот годишен извештај соопшти дека има проблеми со адекватната распределба на работата во некои од нејзините работни единици.
Во јануари годинава „Мекдоналдс“ ги предупреди своите вработените дека ќе следуваат отпуштања.