Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, е позитивен на ковид-19, објави Стејт департментот, а пренесуваат тамошните медиуми.
Оттаму информираат дека Блинкен, кој неодамна примил и бустер доза од вакцината против ковид-19 има „благи симптоми“ на вирусот и се наоѓа во добра состојба.
„Тој ќе се изолира во својот дом и ќе продолжи да работи онлајн“,
информираше портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Прајс додаде и дека Блинкен во изминатите денови немал контакт со американскиот претседател Џозеф Бајден.