Несреќата се случила во северна Норвешка додека траела вежбата „Студен одговор“
Американски воен авион со четворица членови на екипажот се урна за време на воена вежба на НАТО во северна Норвешка, соопштија норвешките Здружени координативни центри за спасување.
Не е позната судбината на екипажот, изјави портпаролот на спасувачките центри.
Авионот од типот В-22 Оспри учествувал во вежбата на НАТО „Студен одговор“ кога околу 18.30 часот било пријавено неговото исчезнување, изјавиле за Ројтерс од центарот за спасување.

FOTO: EPA-EFE/Geir Olsen
Како што се наведува, леталото учествувало во вежбата и требало да слета во 18 часот. Временските услови во зоната за вежбање беа лоши и се влошуваа.
„Го најдовме од воздух, откако примивме сигнал за помош“,
изјавиле од центарот.