Официјален Пекинг го осуди впловувањето на американскиот разурнувач во делот на Јужното Кинеско Море нарекувајќи го „упад“. Инаку, Кина спорните острови Спратли ги нарекува острови Нанша. На посочените спорни острови покрај Кина право полагаат и Виетнам, Тајван, Филипини и Малезија
Американскиот разурнувач „УСС Милиус“ (USS Milius) денеска изврши „операција на слободна пловидба“ во делот на Јужното Кинеско Море, на кој право полага Пекинг, во период кога кинеската армија одржува воени вежби околу Тајван, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
„Оваа операција на слободна пловидба ги почитува правата, слободите и законската употреба на морето“,
соопшти американската морнарица при што истакна дека бродот поминал во близина на островите Спратли.
На посочените спорни острови покрај Кина право полагаат и Виетнам, Тајван, Филипини и Малезија.
Официјален Пекинг го осуди впловувањето на американскиот разурнувач во делот на Јужното Кинеско Море нарекувајќи го „упад“. Инаку, Кина спорните острови Спратли ги нарекува острови Нанша.
„Разурнувачот ‘УСС Милиус’ изврши нелегален упад во водите кај гребенот Меиџи на кинеските острови Нанша, без овластување на кинеската војска“,
изјави портпаролот на јужната команда на кинеската војск а додавајќи дека кинеските воздухопловни сили го следеле и набљудувале бродот.
Кина од саботата спроведува тридневни воени вежби околу Тајван како предупредување до властите на овој самоуправен остров по средбата меѓу претседателот на Тајван, Цај Инг-вен, и претседателот на Долниот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти.
Вежбите наречени „Обединет остар меч“ треба да завршат денеска.