„Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во време кога сè уште тагуваме по смртта на папата Франциск и се молиме за изборот на нашиот нов папа. Тој должи извинување“, смета американскиот бискуп Томас Папроцки од сојузната држава Илионоис
Американски бискуп бара јавно извинување од американскиот претседател Доналд Трамп поради објава на фотографија на која себеси се претставува како папа.

„Ова е длабоко навредливо за католиците, особено во време кога сè уште тагуваме по смртта на папата Франциск и се молиме за изборот на нашиот нов папа. Тој должи извинување“,
напиша американскиот бискуп Томас Папроцки од сојузната држава Илионоис во објава на социјалните мрежи.
Post 2/2:… This is deeply offensive to Catholics especially during this sacred time that we are still mourning the death of Pope Francis and praying for the guidance of the Holy Spirit for the election of our new Pope. He owes an apology.https://t.co/vVJix9H0K8
— Bishop Paprocki (@BishopPaprocki) May 3, 2025
Една недела откако присуствуваше на погребот на папата Франциск, Трамп на социјалните мрежи сподели фотографија генерирана од вештачка интелигенција на која тој е облечен во папска облека, околу вратот има златен крст, а на главата носи папска митра или капа.
Фотографијата, Трамп прво ја сподели на својата социјална мрежа Трут соушл, а потоа е објавена и на официјалниот профил на Белата куќа на платформата Икс.
— The White House (@WhiteHouse) May 3, 2025
Неколку католички водачи и најмалку една католичка група го критикуваат Трамп поради објавата на оваа фотографија, иако таа е генерирана од вештачка интелигенција.
Сметаат дека со тоа Трамп ги исмејува Бог, Католичката црква и папството.
Како што пренесуваат американските медиуми, Белата куќа не се огласила по реакциите на тамошните претставниците на Католичката црква.
Ниту Ватикан не излезе со официјален коментар за фотографијата на Трамп.
Трамп присуствуваше на погребната церемонија на папата Франциск во Ватикан.
Католичката црква се подготвува за избор на нов поглавар. Конклавата на подобните кардинали започнува в среда.