Американскиот претседател сподели видео на неговата социјална мрежа Трут соушл на кое се гледаат беспилотни летала над глисер што плови, а кој потоа експлодира. Министерот за комуникации на Венецуела, Фреди Нанес, во објава на социјалните мрежи напиша дека видеото што го сподели Трамп е создадено со вештачка интелигенција
Американската војска уби 11 наркотерористи во напад на брод од Венецуела за кој се тврди дека носел нелегални наркотици, изјави претседателот Доналд Трамп за првата позната операција откако неговата администрација неодамна распореди воени бродови во јужниот дел на Карибите.

им соопшти Трамп на новинарите во Белата куќа.
„Погодивме брод што носел многу дрога, кој требаше да влезе во нашата земја. Доаѓаа од Венецуела“,
Подоцна тој сподели видео на неговата социјална мрежа Трут соушл во кое се гледаат беспилотни летала над глисер што плови, а кој потоа експлодира.
„Нападот резултира со 11 терористи убиени во акција. Ниеден американски војник не беше повреден во овој напад“,
рече тој.
Според него, американската војска го идентификувала екипажот како членови на венецуелската банда, наречана Трено де Арагва, која уште во февруари година е означена како терористичка група.
„По моја наредба, американските воени сили утрово спроведоа напад врз идентификувани наркотерористи од Трено де Арагва. Нека ова биде предупредување за секој што размислува да испраќа дрога во САД. Внимавајте!“,
напиша Трамп на Трут соушл.
Ги повтори обвинувањата дека бандата што се наоѓала во бродот е контролирана од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Министерот за комуникации на Венецуела, Фреди Нанес, во објава на социјалните мрежи напиша дека видеото што го сподели Трамп е создадено со вештачка интелигенција.
Пентагон не објави детали за нападот, вклучително и за каков вид дрога имало на бродот, во која количина, но и за начинот како бил извршен нападот.
Во последните недели САД распореди неколку воени бродови покрај венецуелскиот брег, со цел да пресретнуваат дилери на дрога.
Венецуела остро реагира на овие потези. Венецуелскиот претседател Мадуро распоредувањата на американската војска ги нарече како најголемата закана на континентот во последните 100 години.