Естонија во петокот соопшти дека три руски борбени авиони во времетраење од 12 минути го нарушиле нејзиниот воздушен простор. Русија го отфрли естонскиот извештај за инцидентот. Голем број руски беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор една недела претходно за време на руските воздушни напади врз Украина

САД ја потврдија својата посветеност да ја бранат територијата на НАТО од упади откако Русија повеќепати го наруши воздушниот простор на членките на Европската Унија.
„Соединетите Американски Држави се со нашите сојузници во НАТО во однос на овие нарушувања на воздушниот простор и сакам да ја искористам оваа прва можност да повторам и да нагласам дека САД и нашите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО“,
изјави американскиот амбасадор во Обединетите нации, Мајк Волц, на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк денес.
Русија треба итно да престане со таквото опасно однесување, рече новоназначениот амбасадор.
„Очекуваме Русија да бара начини за деескалација, а не да ризикува ескалација (на конфликтот)“,
додаде Волц.
Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп вложил огромно време и труд за да ја заврши ужасната војна меѓу Русија и Украина. Русија треба директно да преговара со Украина за да го заврши конфликтот, рече Волц.
Естонија во петокот соопшти дека три руски борбени авиони во времетраење од 12 минути го нарушиле нејзиниот воздушен простор. Русија го отфрли естонскиот извештај за инцидентот. Голем број руски беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор една недела претходно за време на руските воздушни напади врз Украина.
Полска и нејзините сојузници од НАТО првпат соборија голем број беспилотни летала, а остатоците подоцна беа пронајдени во источните и централните делови на земјата. Ниту еден од нив досега не е класифициран како опасен. Романија, исто така, регистрира влегување на руски дрон во нејзиниот воздушен простор. Полска, Естонија и Романија се членки на НАТО.