И во текот на разговорите во понеделникот, Русија продолжи да бара гаранции дека на Украина никогаш нема да ѝ биде дозволено да се приклучи во НАТО

НАТО нема да се врати на границите од пред две децении, изјави амбасадорката Џулијан Смит, претставничка на САД во НАТО, зборувајќи за дијалогот помеѓу САД и Русија.
„Кога разговарате со нашите сојузници во НАТО, постои јасен консензус за едно прашање, а тоа е дека оваа Алијанса нема намера да го врати времето назад и да се врати во една сосема поинаква ера, каде што имавме многу поинаков сојуз со помали и многу различни отпечатоци. Ние функционираме во денешниот свет“,
изјави Смит.
Американската амбасадорка тоа го изјави на барање да ја коментира изјавата на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој рече дека „НАТО мора да се врати на своите граници од 1997 година“.
Што се однесува на денешната средба на која ќе се разговара за военото засилување на Русија вдолж украинската граница, Смит истакна дека САД, сојузниците во НАТО и Русија се „посветени на дијалог“.
„Мислам дека во моментов, луѓето чувствуваат дека и сојузниците и Русите, вклучително и САД, сите се посветени на дијалогот во овој момент, рече таа во ексклузивно интервју за Си-ен-ен од седиштето на НАТО во Брисел. Но, истовремено, сите сојузници се обединети во пораката до Русите дека доколку одлучат за понатамошна инвазија на Украина, ќе се соочат со огромни последици од НАТО и од ЕУ“,
рече таа.
Денешниот состанок е втор од трите клучни ангажмани со Русија, наменети за смирување на растечката закана што ја претставува Русија за соседна Украина, додека Москва натрупа илјадници војници вдолж границата. Во понеделникот претставниците и Русија седнаа во Женева на повеќе од седум часа разговори, потсетува Си-ен-ен.
И во текот на разговорите во понеделникот, Русија продолжи да бара гаранции дека на Украина никогаш нема да и биде дозволено да се приклучи на НАТО. „Искрено, не гледам многу компромиси“ за прашањето за пристапот на НАТО кон проширувањето, изјави Смит.
„Во овој момент, дозволете ми да бидам многу, многу јасна — никој не сугерира да ја смениме политиката на НАТО за проширувањето, рече Смит. „Вратата останува отворена. Никој нема право да ја шутне и затвори вратата. И секоја одлука за проширувањето ќе продолжи да се носи меѓу НАТО и земјата за која станува збор“,
појасни таа.
Но, таа рече дека ќе има и други прашања на маса за разговори со Русија, вклучително и барањата за поставување „некои реципрочни ограничувања“ на воените вежби и ракетите.
Русија распореди 100.000 војници на украинската граница, а Смит оцени дека САД „не виделе јасни знаци на деескалација“ од Русија во текот на досегашните разговори.