Причината за овој потег е желбата на компанијата да ги намали трошоците и да работи како најголемиот стартап во светот. Целта на извршниот директор на „Амазон“, Енди Џаси, е компанијата да остане агилна за да може брзо да се адаптира на примената на ВИ
Американскиот гигант во онлајн малопродажба „Амазон“ објави дека ќе отпушти околу 14 000 вработени како дел од поширокото реструктуирање, делумно поттикнато од инвестициите на компанијата во вештачка интелигенција. Официјалната причина за овој потег е желбата на компанијата да ги намали трошоците и да работи како најголемиот стартап во светот.

Целта на извршниот директор на „Амазон“, Енди Џаси, е компанијата да остане агилна за да може брзо да се адаптира на примената на вештачката интелигенција.
„Она што треба да го запомниме е дека светот се менува брзо. Оваа генерација на вештачка интелигенција е најтрансформативната технологија што сме ја виделе од времето на интернетот и им овозможува на компаниите да иновираат многу побрзо од кога било досега. Убедени сме дека треба да бидеме организирани поефикасно“,
изјави Бет Галети, виша потпретседателка во „Амазон“.
Иако официјалните најави укажуваат дека американската компанија ќе отпушти 14 000 вработени, според неофицијални извори, како што пренесе Ројтерс, бројката на отпуштени лица може да достигне и 30 000.
Со потегот на „Амазон“ се одразува поширокиот тренд меѓу американските корпорации, кои ја намалуваат својата работна сила во услови на потенцијална револуција во вештачката интелигенција.
