Едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имаме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива, рече портпаролот на партијата
Централното раководство на Алтернатива вечерва одржува состанок откако денеска пратеникот од оваа партија Скендер Реџепи потврди дека се залага за уривање власта, но и оти нема да го стори тоа по цена неговиот потпис да биде на список на кој се наоѓаат потписите на пратениците од Левица.
Портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани изјави дека дебатите траат и во овој момент, рече тој, немаат никаква одлука, но нагласи дека нивните пратеници ќе бидат единствени каква и таа да биде.
„Со оглед на тоа дека имаме време до четврток, дискусиите во партијата ќе продолжат и утре и најдоцна до среда ќе имаме конкретен став како ќе настапат нашите пратеници. Меѓутоа, едно сигурно можам да кажам – каква било одлука и да имаме тоа ќе се почитува од сите пратеници од Алтернатива“,
рече Муртезани.
Покрај Скендер Реџепи, пратеници од Алтернатива се и лидерот на партијата Африм Гаши, Сафије Садики-Шаини и Хусни Исмаили.