Сите верници кои утрово дојдоа во Шарената џамија во Тетово, прво беа дезинфицирани а потоа советот на џамијата им даваше маски на сите кои не носеа себе, јави ТВ Алсат. Внатре, за време на молитвата која траше 15 минути, се почитуваа мерките за заштита од ковид-19. Но, во дворот, ситуацијата беше поинаква.
Слично били и во џамиите во Гостивар, јавува дописникот на телевизијата. Внатре се почитуваше растојанието и носењето маски, но не и во дворовите. Бајрамската молитва не се одржа во џамиите во тетовските села Порој и Глоѓи.

За повеќе детали, погледнето го видеото на ТВ Алсат.