Изминатите денови дел од медиумите го споменуваат неговото име како можен кандидат за министер за здравство
Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу, кој е дел од Алијансата за Албанците, партија која останува во коалицијата ВЛЕН, денеска изјави дека сè уште не е разговарано на ниво на партија дали тој ќе го преземе министерското место во здравството откако досегашниот министер Арбен Таравари поднесе оставка.

„Сè уште не сме разговарале на таа тема. Веројатно деновиве бидејќи во овој период бевме многу активни. Секогаш крајниот збор го има граѓанинот, а ние бевме на терен за да ги консултираме за хаосот што се случува во нашата партија“,
рече тој.
Изминатите денови дел од медиумите го споменуваат неговото име како можен кандидат за министер за здравство.
Досегашниот министер за здравство Арбен Таравари даде оставка од функцијата по одлуката на Претседателството на неговата Алијанса за Албанците да оди во опозиција, а на претстојните локални избори да има сопствени листи за советници.