Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу рече дека медицинските досиеја се доставени од страна на јавна здравствена установа, но се воздржа да каже конкретно од која
Дополнително, Алиу информира дека Министерството со кое раководи побарало вонреден стручен надзор од Лекарската комора поврзано со случајот, а кој ќе биде извршен во текот на наредните денови
Министерот за здравство Азир Алиу денеска информира дека до Интерната комисија се доставени медицински досиеја за осум случаи по информациите за можни неправилности поврзани со кардиохирушките интервенции.

За потсетување, интерната комисија беше формирана по наводите што неодамна ги изнесе каридиохиругот, д-р Сашко Кедев, дека во приватните клиники се вршеле непотребни кардиолошки интервенции за профит.
„Сакам да ве информирам дека до интерната комисија се доставени медицински досиеја за осум случаи. Комисијата ќе ги обработи сите детално со цел да се да се утврди вистината врз основа на медицинските факти“,
изјави министерот Алиу на денешната прес-конференција.
Како што наведе министерот, Комисијата ќе се состане утре и ќе почне со разладување на овие досиеја кои се доставени до неа.
Дополнително, Алиу информира дека Министерството со кое раководи побарало вонреден стручен надзор од Лекарската комора поврзано со случајот, а кој ќе биде извршен во текот на наредните денови.
„Граѓаните треба да знаат и да бидат сигурни дека кога бараат здравствена услуга ја добиваат врз основа на реална потреба и медицински докази, а не врз основа на паушални оценки или коруптивни мотиви“,
кажа министерот.
Одговарајќи на новинарско прашање, Алиу рече дека медицинските досиеја се доставени од страна на јавна здравствена установа, но се воздржа да каже конкретно од која.
„Официјално се доставени до Министерството за здравство од една јавна институција во државата. Ќе ми дозволите бидејќи процесот само што почна, сакавме да ве информираме дека првите реални досиеја се стигнати кај нас. Ќе бидат процесирани од страна на стручната комисија што е формирана од страна на Министерството за здравство што ја сочинуваат 15 луѓе и дозволете нивниот извештај да биде презенетиран на прес-конференција“,
рече Алиу.
Министерот, исто така во одговор на новинарско прашање, кажа дека досега до Комисијата не се пристигнати пријави, информации или поплаки од страна на пациенти кои се сомневаат дека имало неправилности во кардиохируршките интервенции што им биле направени.
Прашан дали д-р Сашко Кедев доставил документи, министерот повтори дека пристигнатите досиеја се од институција, а не од поединец, доктор или пациент.
„Значи, зборуваме за институција, материјалите се доставени од институција, не од поединец, доктор или пациент“,
рече министерот.
Инаку, државната новинска агенција МИА објави дел од допис, според кој јавната здравствена установа што ги доставила медицинските досиеја е Универзитетската клиника „Државна кардиохиругија“.
„Во прилог на овој допис, Ви доставуваме медицински досиеја и ангиографски филмови на пациенти кај кои сметаме дека има одредени неправилности во индикациите за оперативен третман, на Ваше понатамошно постапување, во врска со утврдени неправилности“,
се вели во дописот.
На документот доставен до Министерството за здравство и до Фондот за здравство се потпишани 16 лекари од Универзитетската клиника за кардиологија и Универзитетската клиника „Државна кардиохирургија“. Меѓу потпишаните прво стои името и потписот на академик д-р Дашко Кедев, според документот што го објави МИА.

Во однос на странските членови кои треба да бидат дел од Комисијата, тој рече дека постапката за нивен ангажман е при крај, и останува да се заврши уште административниот дел, односно да се потпишат договорите. Тогаш, како што додаде Алиу, ќе бидат соопштени и нивните имиња. Сепак, наведе дека станува збор за светски познати имиња од Словенија, Италија и Австрија. Постапката е при крај, дозволете да се заврши административниот дел, да се потпишат договорите и да може јавно да ги кажеме имињата. Се работи за светски призанти имиња од Словенија, Италија и Австрија.
Инаку, министерот Алиу во своето обраќање на прес-конференцијата рече дека процесот кој е започнат е терапија за здравствениот систем во државата со цел да се врати довербата во него.
„’Терапијата’ ја започнавме со кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции, но нема да застанеме тука, ќе се прошири кон сите сегменти во здравствениот систем затоа што секоја област мора да биде заснована на стручност, медицински докази и почит кон пациентите. Знаеме дека довербата не се враќа преку ноќ. Чекор по чекор докажуваме дека здравството е на страна на граѓаните и дека нема враќање назад. Никој нема да биде заштитен ниту од јавното ниту од приватното здравство, ако се докаже дека бил вклучен во извршување интервенции за кои не постои медицинска оправданост. Во исто време никој нема да биде стигматизиран без докази. Отпочнат е чувствителен, но неопходен процес. Ќе го водиме објективно стручно и транспарентно и нема да имаме компромис со било кои очекувања или интереси. На крајот фактите и доказите ќе бидат тие кои ќе зборуваат“,
порача министерот за здравство.
Инаку, одговарајќи на новинарско прашање дали се точни тврдењата на пациенти дека на Клиниката за кардиохирургија не се извршуваат интервенции и трансплантации поради недостаток на анестезиолози, министерот рече дека е точно оти бројот на вакви интервенции е намален.
За проблемот тој најави ад хок решение, односно потпишување меморандум за соработка меѓу С Македонија и Словенија, кој треба да овозможи мобилност и размена на кадри, знаења, методологии и технологии меѓу двете земји.
„Денеска имав состанок со директорот и колеги од Кардиохирургија. Недостасуваат стручни лица, не само во Кардиохирургија, туку во поголем дел од клиниките во Скопје. Се иницира билатерален договор со Словенија, со цел да се најде решение за проблемот. Ќе има меморандум за соработка меѓу двете земји“,
рече најави Алиу.
Како што појасни тој, тоа, во пракса значи дека ќе може доктори да дојдат привремено тука од три до шест месеци, а наши лекари да одат таму.
„За надминување на овој проблем нам ќе ни требаат години, бидејќи таков кадар не се креира за една-две години. Џабе ви вам добар кардиохирург ако немате двајца анестезиолози во тимот. Здравствениот систем бара големи промени, бара промени и во инфраструктурна гледна точка, знаете дека секој експерт сака да има и амбиент за работа и од техничка и од професионална гледна точка и тоа се процеси што ние не можеме да ги контролираме. Ако некој доктор се гледа во приватното здравство или надвор од државата, ние тоа не можеме да го спречиме, но можеме да направиме подобри услови за да сакаат младите тука да се гледаат себеси“,
изјави Алиу.