Села и Гаши денеска промовираа платформата за стимулирање на процесот за добивање државјанство на С Македонија
Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернативите, денеска во Скопје, ја промовира платформата „shtetesia.mk (државјанство).
„Ова е национална платформа, каде што сите граѓани ќе имаат можност да го претстават својот проблем за добивање државјанство. Целта на оваа платформа е да се соберат информации од граѓани кои се соочуваат со проблем за добивање државјанство, сега веќе 30 години од независноста на Северна Македонија“,
рече Башким Бакиу, раководител на Аналитичкиот центар на Алијансата за Албанците.

Според него, да се биде без државјанство значи да не бидеш признаен како граѓанин од една држава во рамките на нејзиниот закон.
„И покрај фактот дека Северна Македонија е потписник на важни конвенции преку системот на човекови права на Советот на Европа, како и наУниверзалната декларација за човекови права на Обединетите нации, кои предвидуваат дека секој има право на државјанство или соодветно дека на ниту едно лице не треба да му биде одземено правото на државјанство, денес на територијата на земјата има лица кои се законски невидливи. Ние ќе преземеме сеопфатен процес за собирање основни податоци од лица без државјанство во Северна Македонија, за да можеме потоа да извршиме политички притисок за решавање на овој проблем “,
најави Бакиу.
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, рече дека државјанството е минимална државна обврска кон секој граѓанин. Претседателот на Алтернатива Африм Гаши, пак, додаде дека државата конечно мора да се ослободи од стравот дека расте бројот на една етничка заедница и со тоа да го попречи правото на граѓаните да имаат документ за државјанство.