Пратеникот Халил Снопче обвини дека во Северна Македонија мафијата има држава и додаде дека Владата со 59 пратеници, како што рече, „се чатали и се однесува кон дрско граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници
Синоќа не потфрли новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синоќа се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница. Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија, а се потврдија и сите наши предупредувања. Кога на избран претставник на народот му се оневозможува да си оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин, оцени денеска пратеникот на Алијанса на Албанците Халил Снопче, на прес-конференција.
„Не потфрли синоќа Алијансата за Албанците, таа само се зацврсти на страната на правдата, на страната на народот кој бара промени, а излегоа на виделина вистинските лица на оние кои се борат против промените и го бранат режимот по секоја цена. Битката продолжува, уште посилно, уште почисто, уште порешително, и тоа веднаш“,
рече тој.
Тој обвини дека во Северна Македонија мафијата има држава, додавајќи дека Влада со 59 пратеници, како што рече, „се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници“.
„Еден хибриден режим кој се повикува на европски вредности, а целиот нејзин мандат и крајот се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности“,
рече Снопче.