Како што објави Алсат премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, по средбата во Владата, биле на гости кај претседателот на ДУИ Ахмети во Зајас
Алијанса за Албанците демантира дека лидерот на партијата Арбен Таравари, по средбата во Владата со премиероот Димитар Ковачевски, заедно со него заминал кај лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„По средбата со премиерот Ковачевски, Таравари веднаш отпатува во Полог на средби во Гостивар, Тетово и Теарце до доцна во ноќта и, следствено на тоа, не можел истовремено да биде во Зајас. Алијанса за Албанците била и секогаш ќе биде непоколеблив поддржувач на слободните медиуми. Сепак, во овие проблематични времиња за државата, ги повикуваме сите медиуми во земјава на максимална одговорност и постапување по принципите на новинарската етика за верификација на изворите и информациите“,
се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.
Како што објави Алсат премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, по средбата во Владата, биле на гости кај претседателот на ДУИ Ахмети во Зајас.
На средбата се разговарало за проширување на Владата со нов партнер во насока на зајакнување на владејачката коалиција, а во очекување на уставните измени.