„Го повикуваме и вицепремиерот за добро владеење да ги извршува службените должности и да ги санкционира незаконските дејствија на неговите сопартијци“, се вели во реакцијата од АА
И како член на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и како градоначалник на Општината Чаир, но и сега како член на коалицијата „Вреди“, Изет Меџити ги злоупотребува владините канцеларии за партиски состаноци и активности. Ова е денешната реакција на партијата Алијанса за Албанците (АА) на Зијадин Села со која ја повика Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да отвори постапка за злоупотреба на државните институции од политички функционери за партиски цели.
„Го повикуваме и вицепремиерот за добро владеење да ги извршува службените должности и да ги санкционира незаконските дејствија на неговите сопартијци“,
се вели во реакцијата на АА.
Ваквите постапки, според АА претставуваат сериозно законско прекршување и го откриваат вистинското лице на коалициските партнери „Вреди“, кои државните институции ги гледаат како алатка за партиски придобивки.