Алијансата за Албанците и Алтернатива се подготвени да го поддржат кандидатот на градоначалник на Тетово од движењето Беса, Биљал Касами, се со цел Теута Арифи од ДУИ да не освои уште еден мандат.
Ова го кажа, Елми Азири од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21.
„Наредните денови очекуваме да имаме преговори со Беса. Да видиме, можно е да дојдеме до некоја соработка. Важно е да падне ДУИ и Теута Арифи, која заслужува нула гласови затоа што ништо не сработи за Тетово“,
рече Азири.
Според првичните официјлани резултати што Државната изборна комисија ги објави, Теута Арифи од ДУИ освои 11 138 гласа, а Биљал Касами вкупно 10 496. Кандидатот на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива, Вулнет Мурсели освои вкупно 6 165.