Од партијата ја повикуваат Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и сите надлежни органи да го санкционираат ова, како што велат, тешко прекршување од страна на владини функционери од коалицијата „Вреди“
Алијансата за Албанците на Зијадин Села денеска повторно ги обвини функционарите од коалицијата „Вреди“, која е дел од владејачкото мнозинство дека се почесто ги злоупотребуваат државните канцеларии за партиски активности.
Оттаму велат дека државните институции и канцеларии се претвораат во партиски штабови, тврдејќи дека во нив се одржуваат средби со партиски структури и се промовираат членови.
Од Алијанса на Села, која е дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, политичкиот опонент на „Вреди“, најновиот ваков случај му го препишуваат на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Тој, како што тврдат од партијата на Села, за време на викендот имал средба со сопартијци во канцелариите на неговото министерство, од која објавил фотографии за партиска пропаганда.
„Овие постапки се најниска форма на злоупотреба на власта и деградација на самата држава. Канцелариите и министерствата треба да работат за доброто на граѓаните, а не за партиски цели“,
се вели во соопштението од партијата.
Ја повикуваат Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и сите надлежни органи да го санкционираат ова, како што велат, тешко прекршување од страна на владини функционери од коалицијата „Вреди“
„Го прашуваме вицепремиерот за добро владеење (Арбен Фетаи) дали гледа што прават неговите сопартијци или е таму да ги заштити нив и нивните злоупотреби“,
додаваат од Алијанса на Села.
Инаку, ова не првпат оваа партија да го обвинува вицепремиерот Меџити за користење на владините канцеларии за партиски цели.
„И како член на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и како градоначалник на Општината Чаир, но и сега како член на коалицијата „Вреди“, Изет Меџити ги злоупотребува владините канцеларии за партиски состаноци и активности“,
реагираа од АА на Села на 27 октомври и исто така ја повикаа Антикорупциска да отвори постапка.