Во соопштението од партијата се вели дека АА останува решена да ја брани националната кауза на Албанците во Македонија и е силен опозициски глас на Албанците, одржувајќи комуникација со субјектите на албанската опозиција, за што, додаваат дека навреме ги известиле нивните досегашни коалициски партнери
Крилото на партијата Алијанса за Албанците под раководство на Зијадин Села ја напушта коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Централното претседателство на АА на Села вечерва одлучи партијата отсега да делува самостојно, а нејзните пратеници во Собранието ќе бидат независна група.
„По суштински и многу важни дискусии, членовите на претседателството едногласно донесоа одлука за автономно делување на Алијанса за Албанците, додека во наредните денови пратениците на АА ќе ја обработуваат во Собранито одлуката за дејствување како независна група“,
пишува во партиското соопштение.
Оттаму велат дека коалицијата со која учествувале на последните локални избори излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови на листите за советници и бројот на освони советници.
„Но, незадоволни сме од епилогот во градочалничката трка каде се соочивме со моќен државен инженеринг и интеракции на албанските субјекти на власт со македонските партии од сите табори, со единствeна цел да се реализира платформата на ВМРО-ДПМНЕ за дефакторизација на Албанците во земјата. Од овие сценарија, самите Албанци изгубија повеќе од нас како субјекти, бидејќи по централната власт, Албанците сега беа деградирани и на ниво на локалната власт“,
велат од АА на Села.
И покрај оваа ситуација, оттаму велат дека АА останува решена да ја брани националната кауза на Албанците во Македонија и е силен опозициски глас на Албанците, одржувајќи комуникација со субјектите на албанската опозиција, за што, додаваат дека навреме ги извeстиле нивните досегашни коалициски партнери.
„Националната кауза, рамноправноста на Албанците во државата и Уставот, како и санирањето на штетите предизвикани од актулната Влада остануваат наша примарна опредeлба за политичко дејствување“,
велат од партијата на Села.
Инаку, повлекување од коалицијата НАИ предводна од ДУИ, Села најави во вчерашно телевизиско интервју, кога постави и три услови за да неговата АА биде дел од Владата.
