Лидерот на ДУИ вели дека во салите каде што ги одржувале собирите на кои присуствувале илјадници луѓе, атмосферата кулминирала кога ќе се споменело името на Енвер Хоџа.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во чија биографија е забележано дека бил еден од водачите на студентските протести во 1981 година во Приштина, вели дека неговата генерација ја имала таа среќа и чест да даде огромен придонес за остварување на правата на Албанците во целиот регион.
Ахмети како покровител на манифестацијата на која беше одбележана 40 годишнината од големите демонстрациите на Косово нстакна дека тоа бил еден од инцијалалните акти кои овозможиле албанскиот народ да дојде до слобода во таа поранешна југословенска покраина, и да се создаде независна Република Косово.
„Потоа се создаде Ослободителната Војска на Косово, која низ чиста војна, со помош на сојузницитего ослободи Косово. Ги организиравме и Ослободителната народна армија и Ослободителната армија на Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Успеавме да ја легитимираме ОНА на националната и меѓународната сцена, со што се овозможи да се прифати промена на политичкиот статус на Албанците во Република Северна Македонија, преку Охридскиот Мировен Договор“,
рече Ахмети.

Потсетувајќи на тие времиња, Ахмети ги спомена бројните соработници и учесници на демонстрациите од 1981 година, издвојувајќи ја улогата на актуелните функцинери на ДУИ, како Фадил Бајрами, Тахир Хани и Садула Дураки.
Тој спомена дека во тој период, сите биле припадници на марксиситичко-ленинистичкото политичко движење. Призна дека меѓу тогаш двете доминантни опции, онаа на Тито и на Енвер Хоџа, тој и неговите соработници ја избрале втората.
„Во тоа време имаше два пата. Или го сакате Енвер Хоџа, или Тито. Ние го сакавме Енвер Хоџа. Морам да го кажам ова, нема зошто да каам. Во салите каде што ги одржувавме собирите имаше илјадници луѓе. Но, се додека не се спомнеше името на Енвер Хоџа, никој не стануваше. Кога ќе се спомнеше, тоа предизвикуваше еуфорија“,
истакна Ахмети.
Ахмети на Конферецијата зборуваше и за перспективите на Република Северна Македонија и на регионот. Иднината ја гледа во проширувањето на Европската унија, подвлекувајќи дека сите жители на Балканот се Европејци исто како и нивните соседи кои живеат во Унијата.
„Европа ќе биде цела само ако и овој регион се вклопи во неа. Нам ни се падна да живееме овде и тие што живеат на север, не се поголеми европјани од нас. Треба да паднат границите, да ги нема Блаце, Деве Баир, Ќафасан. Сите треба да сме дел од ЕУ.
подвлече Ахмети.