Албанските пратеници денеска гласаа за отповикување на претседателот на земјата, Илир Мета, за наводно кршење на Уставот за време на изборите во април, објавија локалните медиуми.
За импичмент беа потребни 94 гласа. 104 гласаа „за“, а седум пратеници гласаа „против“.
„Илир Мета ја издаде функцијата претседател на Албанија. Тој го понижи Уставот“,
рече премиерот на Албанија, Еди Рама.
Импичментот сега треба да биде прифатен од Уставниот суд на Албанија.
На гласањето му претходеше усвојување на извештајот во Собранието, во кој се вели дека Мета прекршил 17 члена на Уставот.
Албанскиот претседател рече дека не ги признава одлуките на мафијашкото собрание и дека, всушност, покренувањето на импичментот е кршење на Уставот.