Минатата недела, бугарскиот амбасадор во ЕУ Румен Александров рече дека неговата земја нема да го укине ветото за Северна Македонија, туку дека Албанија треба да се раздвои и да се оценува независно
Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави предлогот на Бугарија да се раздвои пристапниот процес на Албанија и Северна Македонија во ЕУ, што ќе и овозможи на Албанија да напредува.
Онлајн блогот Егзитњуз на албански и на англиски јазик објави дека поради пакетот во кој се двете земји, Албанија не успеа да одржи меѓувладин состанок, што ќе го означи формалниот почеток на преговорите, пред се поради ветото на Бугарија за С Македонија, и покрај тоа што доби зелено светло од сите 27 земји-членки.
Минатата недела, бугарскиот амбасадор во ЕУ Румен Александров рече дека неговата земја нема да го укине ветото за Северна Македонија, туку дека Албанија треба да се раздвои и да се оценува независно.
Дополнително, тој рече дека Бугарија дала неколку предлози за тоа како Северна Македонија може да ја ублажи ситуацијата, вклучително и спроведување на Договорот за пријателство потпишан меѓу двете.
На предлогот на Бугарија реагираше албанскиот претседател Мета кој денеска изјави:
„Го поздравувам ставот на Бугарија која предлага што поскоро почеток на преговорите за членство на Албанија во Европската унија“,
додавајќи дека е убеден дека Северна Македонија постигнала „огромен напредок во спроведувањето на реформите и постигнувањето историски договори како оној во Преспа“.
„Го поздравувам достоинствениот однос на македонските власти да продолжат непоколебливи во проевропскиот курс на реформи кои им служат на граѓаните и на аспирацијата за членство во ЕУ“,
рече Мета.
