Зошто тогаш за албанскиот ученик македонскиот јазик треба да биде задолжителен? Зошто да не биде и македонскиот јазик изборен предмет за албанските ученици, прашуваат од Алијансата за Албанците
Албанскиот јазик да биде задолжителен, а не изборен предмет за учениците од македонско етничко потекло, бара опозициската коалиција Алијанса за Албанците / Алтернатива, коментирајќи за новата концепција за настава во основното образование.
Од Алијансата велат дека официјализирањето на албанскиот јазик е „потреба на времето“, имајќи во предвид територијалниот обем, автохтоноста, партиципацијата во државата и целта за градење “држава за сите”, со високи европски демократски вредности.
„Комуникацијата меѓу граѓаните на двете најголеми заедници треба да биде во таква форма што секој од нив ќе зборува на свој јазик, но и ќе се разберат без никаков проблем. Ова визија може да се постигне тогаш кога и албанскиот јазик ќе се официјализира на начин кој го заслужува, но не со пречки кои ги прави власта со нејзиниот партнер ДУИ“,
вели Бујаре Абази од Алијанса.
Според оваа партија, сега понуденото решение е хибридно и е резултат на, како што велат, политички пазар меѓу СДСМ и ДУИ.
„Земајќи предвид дека со новиот концептќе има повеќ од 20 избoрни предмети, можноста учениците Македонци да изберат албански јазик е многу мала. Ако се мисли дека со ова решение се прави официјализирање на албанскиот јазик, се поставува прашање зошто за албанскиот ученик, македонскиот јазик треба да биде задолжителен? Зошто да не биде и македонскиот јазик изборен предмет за албанските ученици“,
рече Абази.