Според албанските медуми, инцидентот во Велипоја негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона
Туристичкото место Велипоја и целата албанска јавност ја потресе оружен инцидент во кој четири лица се убиени, а две се повредени.
Инцидентот се случил на плажата „Пулај“ во ова познато тристичко место во северниот дел на Албанија, малку после полноќ, а му претходела распавија меѓу две семејства.
„Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, помеѓу два хотела, оддалечени 50 метри еден од друг“,
изјави шефот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај, на местото на настанот два часа по убиството.
Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст.
Во Велипоја веднаш приситигнале прпадниците на специјалната единица и екипи за увид.
Настанот, според албанските медуми негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона.
„Конфликтите со огнено оружје, кои се случуваат на јавни места и во екот на туристичката сезона, ги загрозуваат животот и здравјето на десетици граѓани, но од друга страна сериозно ја нарушуваат сликата за Албанија кај домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња на Дивиот запад. Значи, во оваа ситуација, која се чини излезе од контрола и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги преземе своите должности и да се откаже од цинична пропаганда, која не може да ги покрие вистините, за кои сите гледаме“,
реагираше албанскиот претседател Илир Мета.
Јавниот ред и безбедност, оценува, се сериозно нарушени и бараат нови ефикасни мерки за нивно гарантирање, со цел да се заштитат животот, здравјето и имотот на граѓаните.