Албанија од 1. јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи. На плажите на целото крајбрежје пак, туристи ќе може да престојуваат од 10 јуни, под посебни правила и засилени контроли.
Веста ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на Ковид-19.
„Подготвени сме да ги отвориме копнените граници, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме директни врски за воздушен сообраќај. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени. Шенген е затворен до 15 јуни и летовите меѓу државите во моментот се прекинати. Вирусот не замина, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, но ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни“,
истакна Рама.