Епдемиолошката состојба во земјата не стивнува, поради тоа, од вчера во функција е ставена и болницата Ковид-3, а се поготвуваат да почнат со прием на пациенти и регионалните болници
По задолжителната вакцинација против ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското министерство за здравство најави дека истото ќе важи и за вработените во администрацијата, полицијата, вработените во аптеките и лабораторите.
„Напливот на новозаболени, главно со делта сојот, посебно кај помладата популација ќе го прошири опсегот на задолжителна вакцинација на групите кои се најзагрозени од ширењето на инфекцијата. Најпрво тоа го направивме за медицинскиот персонал, универзитеските работници и студентите, а сега ги опфаќаме и вработените во админстрацијата, полицијата, фармацевтските работници и лаборантите“,
изјави Еугена Томини, заменик министерка за здравство.
Томини упати апел до граѓаните за што помасовен одѕив за имунизација со цел „да се обезбеди поголема вакцинална покриеност и да не се дозволи циркулација на мутациите на опасниот вирус“.
Епдемиолошката состојба во земјата не стивнува, поради тоа, од вчера во функција е ставена и болницата Ковид-3, а се поготвуваат да почнат со прием на пациенти и регионалните болници.
Според последните, вчерашни, податоци од ресорното министерство опасниот вирус бил потврден кај 984 лица или 100 повеќе од претходниот ден, што е над 16 отсто од тестираните. Како последица од заразата починале четири лица. Активни на болеста се 11 628, хоспитализирани се 106, од нив 19 во многу тешка состојба.