Во двата објекти кои работеле по дозволеното работно време, за време на инспекцијата имало гости
Два угостителски објекти, еден од Аеродром и еден од Карпош се затворени, а нивните сопственици се санкционирани, бидејќи при контролите на СВР Скопје и Државниот пазарен инспекторат вчера работеле по дозволеното работно време до 18 часот.
Како што соопшти МВР, гостителски објект во Аеродром бил посетен од полицијата и инспекторите во 18.55 часот и во него во тој момент имало шест гости. Две лица, Б.Т.(60) и И.Д.(34) биле приведени, бидејќи одбиле да го напуштат објектот, а приведена е и Л.М. (55), одговорно лице во објектот. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во истиот период при контрол во Карпош затворен е угостителскиот објект во сопственост на И.Ч.(26) од Скопје кој работел по дозволеното време и во него имало гости. И во овој случај, МВР најавува соодветни поднесоци.
СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот во Скопје извршиле контроли во 270 угостителски објекти.