Најмалку шест лица се уапсени во голема акција за апсење шверцери на мигранти, која денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група, јавува МИА.
Акцијата за разбивање група на шверцери на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.
Според изворите од истрагата, кај шверцерите е пронајдена и дрога.
Од МВР официјално потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
