Од вкупно активни 3 583 случаи со ковид-19 во земјава, најмногу – 1 983 се во Скопје.
Според овие податоци, и натаму општина со најголем број активни случаи е Чаир – 424, по што следуваат Гази Баба 193, Карпош 167, Бутел 163, Аеродром – 154, Сарај – 148, Центар – 143, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров и Студеничани по 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Чучер Сандево 19, Петровец – 16, Сопиште – 14 и Зелениково-6.
На територијата на Скопје има и двајца странци со ковид-19 и 11 лица кои не се распределени по општини.
