Во справување на пожарите денеска треба да пристигне помош од Чешка, која испраќа хеликоптер и од Словенија, тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема
Од утрово се активни седум пожари на отворен простор од 27 евидентирани на територијата на државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се ставени три пожари, а 17 се изгаснати.

Во справување на пожарите денеска треба да пристигне помош од Чешка, која испраќа хеликоптер и од Словенија, тим од 50 пожарникари со специјализирана опрема.
Активни се пожарите на планината Голем Готен и Малешевските планини, во прилепското село Бешишки Рид, со крак кон село Градежница во Новаци и крак кон границата со Грција.
Гори и меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радибил и Дрен во Општина Прилеп, и во селата Галиште и Трстеник во Општина Кавадарци.
Во Македонски Брод меѓу селата Црешево, Локцива и Крапа. Во Македонска Каменица во селото Ќосевица. Во Чашка во селото Ореше и во кичевското село Горно Црско.
Под контрола се пожарите во селото Грешница во Македонски Брос, во селата Драгоево и Селце во Општина Штип и во карбинското село Јунизлија.
Под контрола се пожарите во с. Грешница во општина Македонски Брод, каде се зафатени мешана шума и сува трева, меѓу с. Драгоево и Селце во Општина Штип, нискостеблеста шума, прнар и сува трева и во карбинското село Јунузлија, каде што гори шума.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најави променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.