Според пожарникарите што ги гаснат пожарите на планината Готен, огнот зафатил поголема површина, а најголем проблем претставуваат тешко пристапниот терен и ветрот
На територијата на државата до 13 часот се регистрирани 15 пожари од кои седум се активни, а по четири се ставени под контрола и се изгаснати, а информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите на следните седум локации:
- Општини Василево, Радовиш и Берово, кај селата Нивичино, планината Голем Готен и Малешевски планини;
- Општина Македонски Брод кај селото Грешница;
- Општина Македонски меѓу селата Локвица и Крапа;
- Општина Прилеп кај селото Бешеиште;
- Општина Желино меѓу селата Церово и Групчин;
- Општина Демир Капија кај тунелите на автопатот Е-75;
- Општина Липково кај селото Оризаре.
Според пожарникарите што ги гаснат пожарите на планината Готен, огнот зафатил поголема површина, а најголем проблем претставуваат тешко пристапниот терен и ветрот.
Пожари има и во реонот каде што има викендички, пчеларници и стари колиби.
Под контрола се ставени пожарите во Македонски Брод кај селото Латово, во Ресен кај селото Шурленци и Езерани, и два во Прилеп, од кои едниот е кај целата Царевиќ и Смолани, а другиот кај селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец.
Изгаснати се пожарите во Општина Дојран, кај селото Николиќ, во Гостивар кај селото Беловиште, во Велес кај селата Џидимирци, Крушје, Иванковци и во Куманово кај селото Речица.