Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево соопшти дека најтежок за гаснење е пожарот што веќе подолго време гори на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш на планината Готен
Активни се вкупно 15 пожари на територијата на државата, од вкупно 28 регистирирани во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Два се ставени под контрола, а 11 се изгаснати.
Сѐ уште гори на следните локации:
На тромеѓето меѓу општините Василево, Радовиш и Берово на планината Голем Готен и на Малешевските Планини;
Во Општина Прилеп на две локации – едната кај селото Бешиште, а другата кон селото Дрен;
Во Општина Македонски Брод на две локации – едната кај селото Црешнево, а другата меѓу селата Локвица и Крапа;
Во Општина Штип меѓу селата Драгоево и Селце;
Карбинци – селото Јунузлија;
Зелениково – село Гумалево;
Желино – меѓу селата Церово и Групчин;
Старо Нагоричане – кај селата Руѓинце и Орах;
Во Општина Куманово на две места – кај Ристово трло и кај селото Романовце;
Струмица – кај местото Три Води;
Велес – на улица АСНОМ;
Росоман – меѓу Росоман и Градско.
Под контрола се ставени два пожари, од кои едниот е во Општина Македонски Брод, кај селото Грешница, а вториот во скопско Шуто Оризари на улицата „Брсјачка буна“.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, попладнево соопшти дека најтежок за гаснење е пожарот што веќе подолго време гори на тромеѓето меѓу општините Василево, Берово и Радовиш на планината Готен.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека денеска два хеликоптера го гасеа пожарот на планината Плачковица и пожарот во Струмичко, кога се фрлени повеќе од 30 тони вода.