Изгаснати се 16 пожари, и тоа во Општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Струмица, Велес, Кавадарци, Делчево, Куманово, два во Крива Паланка, Желино, Тетово, Гостивар, Кочани
До 18:30 часот се активни девет пожари на отворен простор на територија на целата држава, а четири се ставени под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во текот на денот имало вкупно 29 пожари, од кои 16 се изгаснати.

Активни се пожарите во Општините Чучер Сандево, Прилеп, Македонски Брод, Дојран, кај селото Николич, Василево, Чашка, Крива Паланка, Тетово и Делчево.
Најголем дел од пожарите се шумски.
Под контрола се ставени четири пожари, од кои три во Општината Македонски Брод. На една локација кај селото Рамне, пожар што е проширен од фабриката „Самоков“ и на три места кај селото Слатина. Четвртиот пожар што е ставен под контрола е во Општина Делчево кај градската депонија Острец.
Изгаснати се 16 пожари, и тоа во Општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Струмица, Велес, Кавадарци, Делчево, Куманово, два во Крива Паланка, Желино, Тетово, Гостивар, Кочани.
Полицијата денеска уапси две лица што се затекнати како палат кабли во близина на сува трева и дива депонија меѓу скопските села Кадино и Миладиновци, со што е предизвикан мал пожар, што брзо е изгаснат.
Претходно полицијата приведен тројца малолетници, странски државјани, во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во рамки на засилените полициски активности во врска со пожарите во Скопскиот Регион.