Како што соопштија од ЦУК, изгаснати се 15 пожари, меѓу кои пожарот во скопското село Горњани во општина Чучер Сандево, кај Смилковско Езеро и кај селото Љуботен во општина Гази Баба, кај селата Љубин и Крушопек кон село Лака во општина Сарај

До 18 часот, евидентирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се четири пожари, кај велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево – над црквата „Св.Троица“ кај село Чучер и во кумановското село Пчиња.
Како што соопштија од ЦУК, изгаснати се 15 пожари, меѓу кои пожарот во скопското село Горњани во општина Чучер Сандево, кај Смилковско Езеро и кај селото Љуботен во општина Гази Баба, кај селата Љубин и Крушопек кон село Лака во општина Сарај.
Изгаснат е пожарот во општина Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“, каде гореа градежни материјали.
Два пожара се изгаснати во општина Долнени, кај селата Црнилиште и Слепче и во Битола кај населбата Баир.
Изгаснати се пожарите и во општините Кичево, Струга, Штип, Пробиштип, Кратово и Теарце.