Оскаровецот Том Хенкс и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, се позитивни на коронавирус, објави тој на својот профил на Твитер.
Сопружниците Хенкс, обајцата на 63-годишна возраст, се во Австралија, каде што актерот го снима филмот за животот на Елвис Присли.
Тој на социјалната мрежа Инстаграм, пак, објави фотографија на која е прикажана корпа за отпадоци и медицинска ракавица во неа.

„Се чувствувавме малку уморни, како да имавме настинка и слаба треска. Направивме тестови за коронавирус и тие излегоа позитивни“, напиша актерот.
Вели дека ќе продолжат со тестирање, ќе бидат изолирани и нивната состојба ќе се следи.
Хенкс засега е најистакната личност од шоу-бизнисот кој јавно објави дека е заразен со вирусот.