Од опозициската партија претходно денеска изнесоа наводи за влез на, како што посочија, сомнителна српска банка на македонскиот финансиски пазар која, според нив, е блиска до српскиот претседател Александар Вучиќ, а наводно и до врвот на ВМРО-ДПМНЕ
Стопанска банка АД Битола остро ги осуди наводите што беа изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ, со кои партијата изрази сомнеж дека со преземањето на Банката од страна на српската Алта банка е дозволен легален влез на сомнителни финансиски текови во Македонија и можно перење пари.

Во соопштението испратено до медиумите, од Стопанска банка АД Битола бараат СДСМ јавно да се извини за, како што велат, изнесените невистини и дезинформации, а во спротивно најавија ќе бидат преземени сите соодветни правни и институционални чекори за заштита на угледот и интегритетот на банката.
„Зачудувачки е што токму СДСМ, партија која претендира да биде сериозен политички фактор, си дозволува да пласира неосновани и неточни информации за субјект од банкарскиот сектор, со што внесува несигурност во банкарскиот систем, а со тоа директно ја доведува во прашање сопствената политичка одговорност и кредибилитет. Дополнително, зачудувачки е тоа што СДСМ ги изнесува истите ставови кои во изминатиот период ги застапуваше нивниот долгогодишен политички партнер ДУИ“,
се наведува во соопштението на Банката.
Оттаму дополнително додаваат дека Алта банка АД Белград е една од најзначајните членки на групацијата Алта и дека како значаен финансиски актер, покрај инвестициите во Македонија, има и неколку инвестиции во регионот
„Алта банка во континуитет има исклучителни деловни резултати и силен раст, а во 2024 година доби награда
додаваат од Стопанска банка АД Битола.
за најбрзо растечка и најиновативна банка во Србија. Стопанска банка АД Битола е горда што добива сериозен и стабилен стратешки партнер, што претставува позитивен чекор за банкарскиот сектор и за економијата во целина“,
Од опозицискиот СДСМ претходно денеска изнесоа наводи за влез на, како што посочија, сомнителна српска банка на македонскиот финансиски пазар која, според нив, е блиска до српскиот претседател Александар Вучиќ, а наводно и до врвот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
