Оттаму обвинуваат дека „СДС и Венко Филипче лажно се претставуваат како проевропска опција, додека Европа ги демантира за секоја нивна лага“

СДСМ и Венко Филипче самите си ја лепат етикетата проевропска опција, додека најдобри другари им се Онишченко, Борче Марковски и Миодраг Давидовиќ Дака, проруски бизнисмени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму обвинуваат дека и партијата и Венко Филипче лажно се претставуваат како проевропска опција, додека Европа ги демантира за секоја нивна лага.
„Последен пример е и лагата за изјавата на европратеникот и известувач за Македонија, господинот Томас Вајц. СДС ја спинуваа неговата изјава, а тој веднаш ги демантираше и јасно посочи дека Македонија има голем напредок во Реформската агенда. Исто беше и со хистеријата што ја ширеа за ИПАРД-средствата. И таа манипулација беше демантирана преку известување од Европската комисија. Додека Филипче говори за национални интереси, неговиот сопартиец и член на ИО, Рубин Земон, јавно изјави дека Гоце Делчев е небитен и дека е мит. Тоа е директно омаловажување на еден од темелите на македонската државност. И откако ќе излажат, никому ништо, нема извинување, напротив, продолжуваат да ја повторуваат истата лага мислејќи дека само така таа ќе стане вистина“,
кажа на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
