Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повика граѓаните сега да ги менуваат пасошите за да се избегне метежот во текот на летото, нешто што се случи минатата година.
„Упатувам апел до граѓаните уште сега да ги проверат своите патни исправи, ако имаат потреба да ги менуваат, тоа да го сторат сега, за да се избегнат летните метежи“,
вели Спасовски.
Во 2021 година, според податоците што тој ги објави, во просек месечно имало по 18 000-24 000 барања за пасоши, а вкупно лани биле изработени 346 773 пасоши. Бројот на изработени лични карти, пак, за минатата година изнесува 321 216.
