Одделот за паркови и рекреација на градот соопшти дека ајкулата ја каснала 50-годишната жена за левата нога. Оттаму потврдија дека спасувачите ја исчистиле плажата од луѓе по нападот, додека полициски хеликоптер започнал неуспешна потрага по ајкулата
Педесетгодишна жена е во критична состојба откако била нападната од ајкула на една од најпопуларните плажи во Њујорк. Таа била нападната на плажата Рокавеј вчера околу 17:50 часот по локално време, извести канцеларијата за јавно информирање на њујоршката полиција.
Одделот за паркови и рекреација на градот соопшти дека ајкулата ја каснала 50-годишната жена за левата нога. Оттаму потврдија дека спасувачите ја исчистиле плажата од луѓе по нападот, додека полициски хеликоптер започнал неуспешна потрага по ајкулата.
Властите ќе продолжат да ја надгледуваат спорната област за ајкули.
„Се надеваме дека жената целосно ќе закрепне. Иако ова беше застрашувачки настан, сакаме да ги потсетиме њујорчаните дека каснувањето од ајкула во областа Рокавеј е исклучително ретко“,
изјавија од Одделот за паркови и рекреација на градот.
Минатиот месец беа пријавени неколку напади на ајкула североисточно од Рокавеј, во водите кај островот Фајр, Куог и Вавилон. Официјални лица изјавија дека најверојатно станува збор за напад од песочни тигрести ајкули, пишува Скај њуз. Станува збор за ајкули кои можат да пораснат и до три метри, а ова лето биле забележани во релативно голем број кај Лонг Ајленд.
Минатата година државата Њујорк забележала осум напади на ајкула, речиси половина од 20-те напади што биле пријавени од 1837 година.
Фото: Илустрација / EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO