Дека врховниот ирански водач е мртов верува и Вашингтон, на што сугерира изјавата на амерканскиот претседател Доналд Трамп, кој во разговор со новинарите вели: „Сметаме дека тоа е точно“
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи е убиен во денешните заеднички американско-израелски напади врз земјата, изјави за Ројтерс два израелски изводи запознати со ова прашање.
Врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамние / Фото: Архива
Еден од изворите навел дека Израел добил фотографија од мртвото тело на ајатолахот Хамние, додека другиот кажал дека се подготвува официјално соопштение.
Предтходно вечерва, во телевизиско обраќање, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека многу знаци укажуваат дека Хамнеи „повеќе не е со нас“.
Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи рече дека претседателот и врховниот лидер на Иран се „безбедни и здрави“. Сепак, Хамнеи не е виден во јавност или на видеа откако започнаа нападите.
Од друга страна, ирански функционер, кого го цитираат светските медиуми, предупредува дека извештатите дека Хамнеи е мртов се дел од психолошката војна што ја водат непријателите на Иран.
„Сите треба да бидат свесни дека непријателот прибегнува кон психолошка војна“,
рекол иранскиот функционер.
Дека ајатолахот е жив и командува со силите на терен, тврдат и иранските новиснки агенции Тасним и Мхер.
Од друга страна, Вашингтон верува дека се точни израелските наводи за смртта на Хамнеи.
Ова го сугерира и изјавата на американскиот претседател Доналд Трам кој во изјава за Ен-би-си њуз вели:
„Сметаме дека тоа е точно“
Трамп додал и дека поголемиот дел од високото раководство на Иран е елиминиран во денешните напади.
На прашање на Еј-би-си њуз дали иранското раководство е убиено во нападите, Трамп вели:
„Голем дел е, да. Но, не знаеме сè, но голем дел е. Беше моќен удар“.
Овие изјави кореспондираат со наводите на портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) дадени претходно, а според кои „голем број од највисоките лидери на Иран“, вклучувајќи го и лидерот Револуционерната гарда, се убиени во нападите, вклучувајќи го и високиот советник на Хамнеи, Али Шамкани.