Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2 000 килограми небезбеден пилешки стек
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20 500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба, 23.05.2025 година. Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар, информираат од АХВ.

„Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инспектори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување“,
стои во соопштението на АХВ.
Оттаму додаваат и дека во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ заплени и нештетно уништи и 2 000 килограми небезбеден пилешки стек.
„Поради непочитување на процедурите на добра хигиенска и добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4 400 евра во денарска противвредност“,
наведуваат од Агенцијата.
Оттаму додаваат дека во рамки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје, и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.
