Откако ветеринарите на АХВ го донеле решението за забрана, целата пратка пилешко месо е вратена во земјата извозник – Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин „Ќафасан“ спречиле увоз на пратка замрзнато пилешко месо од Бразил, која не ги исполнувала условите за увоз, а сето тоа заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).
Во пратката имало над 26 тони односно 2 167 пакувања по 12 килограми замрзнат пилешки батак без коска.
Како што информираат од АХВ, причина за донесеното Решение за забрана за увоз е тоа што пратката била во спротивност со веќе донесеното Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил.
Според ова Решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Откако ветеринарите на АХВ го донеле решението за забрана, целата пратка пилешко месо е вратена во земјата извозник – Бразил.
